ВИДЕО: Како Џастин Тимберлејк доби 7 килограми на мускулна маса за новата улога

Profimedia
Profimedia

Џастин Тимберлејк добил седум килограми на мускулна маса за новата главна улога во филмот „Palmer“. Во тоа му помогнал тренерот на славни личности, Бен Бруно, кој исто така објави видео од теретаната каде Џастин ги изведувал напорните тренинзи.

„Присетувајќи се на минатата година кога Џастин Тимберлејк започнал да тренира за да влезе во форма за потребите на улогата во филмот „Palmer“, неговата цел била да ја зголеми мускулната маса и напорно работел на тоа – понекогаш и двапати на ден“, открил Бруно, кој е одговорен за многу фит тела во Холивуд.

Судејќи според видеото, Тимберлејк морал сериозно да се посвети на тренинзите, а на видеото можеме да видиме како крева 60 килограми тешки тегови, а притоа изразот на неговото лице додека ја прави вежбата кажува сè. Сепак, тој не се предаде и ја изврши задачата во целост.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот