ВИДЕО | Како да ја исфенирате косата како вистински професионалец: Трик кој е пожелно да го знае секоја жена!

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Со помош на овој трик косата секогаш ќе ви изгледа совршено…

Косата е еден од најубавите физички украси на секоја жена, но многу дами мачат мака кога станува збор за стилизирањето.

Одењето на фризер неколку пати неделно бара доста време, но и доста пари. А во случај на пандемија најдобро е да ги избегнувате местата каде што се создава гужва. Токму затоа пронајдовеме едноставен начин на кој можете да ја стилизирате својата коса како вистински професионалец во својот дом.

На вашата совршено оформена коса ќе ви завидуваат сите, а вие ќе изгледате како штотуку да сте го напуштиле салонот.

Првиот совет од професионалците е да изберете подобар фен, кој ќе има поголема моќност.

За постигнување на совршени резултати ќе ви бидат потребни неколку витлери и спреј за заштита од топлина. Пред да започнете со фенирање нанесете го спрејот, со цел косата да не се оштети при употребата на фенот.

Целата постапка која навистина не трае долго, а ќе ви даде одлични резултати, погледнете ја во следното видео…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот