ВИДЕО: Кадиз е хит во Шпанија, го победи Реал, а сега и Барса!

Фото: EPA-EFE/ROMAN RIOS

Каталонскиот клуб го претрпе и четвртиот пораз сезонава овојпат на гостувањето кај Кадиз со резултат 2:1.

Уште во осмата минута домаќините дојдоа во водство преку Хименез, а израмнувањето се случи во 57 минута после автоголот на Алкала. Клучниот момент се случи во 63 минута кога трите бода за домаќините ги донесе екс играчот на Реал Мадрид, Негредо (63`).

Кадиз дојде од втората лига (Сегунда), и веќе успеа да триумфира над најголемите шпански и светски клубови, Реал и Барселона, дефинитивно е голем хит во шампионатот.

Моментно на табелата во „Ла Лига“ Барса се наоѓа на седмото место со 14 бодови, четири помалку од петтопласираниот Кадиз кој има 18.

Да додадеме уште дека Атлетико Мадрид ја продолжи победничката серија откако на домашен терен со 2:0 го совлада Ваљадолид и е водечки со 26 бодови.

ВИДЕО: Каква среќа за „кралевите“, лоша реакција на голманот Боно!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот