ВИДЕО: Јувентус ја оправда фаворитската улога против Болоња

фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco

Фудбалерите на Јувентус на домашен терен ја надиграа Болоња со 3:0 во натпреварот од осмото коло во Серија А.

Српското дуо Филип Костиќ и Душан Влаховиќ во 24 минута изведа одлична акција во која Костиќ по додавањето на Влаховиќ ја испрати топката во мрежата на Болоња за 1:0.

Тоа беше прв гол на Костиќ во дресот на новиот клуб, на кој пристигна ова лето од германски Ајнтрахт Франкфурт.

Во вториот дел продолжи доминацијата на домашните играчи, а во 59 минута меѓу стрелците за 2:0 се запиша Влаховиќ и практично обезбеди победа за „Старата дама“.

Конечниот резултат го постави полскиот интернационалец Аркадиуш Милик со голот во 62 минута, па така клубот од Торино се задржа на седмата позиција на табелата.

Серија А – 8 коло:

Сабота:

Наполи – Торино 3:1 (3:1)

Интер – Рома 1:2 (1:1)

Емполи – Милан 1:3 (0:0)

Недела:

Лацио – Специја 4:0 (2:0)

Лече – Кремонезе 1:1 (1:1)

Сампдорија – Монца 0:3 (0:1)

Сасуоло – Салернитана 5:0 (2:0)

Аталанта – Фиорентина 1:0 (0:0)

Јувентус – Болоња 3:0 (1:0)

Понеделник:

20.45 часот Верона – Удинезе

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот