ВИДЕО: Јанис блескаше против Вориорси, Оклахома го надигра и Орландо за „4 од 4“ во НБА лигата

фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Милвоки во дербито на вечерта во НБА лигата ја совлада екипата на Голден Стејт со резултат 129:118. Најефикасен во редовите на Бакси беше Јанис Адетокунбо беше најдобар со 33 поени, следен од Демиен Лилард кој запиша 27, додека „дабл-дабл“ учинок оствари Крис Мидлтон со 24 поени и 10 скокови.

На спротивната страна во чии редови не беше првата ѕвезда Стеф Кари се истакна Џонатан Куминга со 28 поени.

Милвоки е второпласиран во Источната конференција (27-12), додека Голден Стејт е на 12 позиција (18-21) на Западот.

Оклахома ја забележа и 27 победа, четврта по ред, откако со 112:100 триумфираше над Орландо најмногу благодарение на Канаѓанецот Шеј Гилџес-Александер со 37 поени, шест скокови и седум асистенции.

За Орландо прв стрелец беше Паоло Банкеро со 20 поени, девет скокови и осум асистенции. Оклахома е првопласирана во Западната конференција (27-11), додека Орландо е на осмата позиција на Истокот (21-18).

НБА лига, резултати

Бостон – Хјустон 145:113
Атланта – Вашингтон 99:127
Мемфис – Њујорк 94:106
Милвоки – Голден Стејт 129:118
Оклахома – Орландо 112:100
Далас – Њу Орлеанс 108:118
Сан Антонио – Чикаго 116:122
Јута – ЛА Лејкерс 132:125

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот