Хулен Лопетеги од следната сезона на клупата на Милан

Хулен Лопетеги/фото: EPA-EFE/Liselotte Sabroe

Според извештајот на „Гаѕета дело Спорт“, Хулен Лопетеги треба да ја преземе улогата на тренер на Милан од следната сезона.

Се очекува Стефано Пиоли да го напушти клубот на крајот од актуелната сезона, а раководството на италијанскиот фудбалски клуб Милан го бараше неговиот наследник меѓу неколку кандидати.

Италијанските медиуми пренесуваат дека првите луѓе на Милан се убедени дека Лопетеги е вистинската личност за улогата и дека со своите аргументи ги убедил дека тој е најдобриот избор за задачата.

Лопетеги на почетокот на оваа сезона го напушти англискиот премиерлигаш Вулверхемптон и оттогаш е без тренерска работа. Тој е најпознат по неговиот мандат како шпански тренер од 2016 до 2018 година, по што пет месеци беше тренер на Реал Мадрид. По Реал Мадрид беше на клупата на Севиља.

Сезоната на Милан беше разочарувачка, „росонерите“ се елиминирани во групната фаза од Лигата на шампионите, додека во домашното првенство не успеа да му парира на Интер во трката за шампионската титула.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот