Мицкоски: Не може никој со својот народ да работи со манипулации

Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување на Канал 5 зборувајќи за владата во заминување порача дека никој, ниту со државата, ниту со народот, континуирано преку гимнастики и политички инжињеринг да манипулира и функционира.

-Тоа се виде вчера ао изборниот резултат. На тоа предупредувавме ние со месеци би рекол и со години. Јасно беше уште после локалните избори во 2021 дека мора да има промени во Mакедонија, мора да дојде до промена на владината структура, порача лидерот на ВМРО- ДПМНЕ.

Тој додава и дека претходно прогнозирал дека професорката Силјановска во вториот круг ќе има повеќе од 500.000 гласови, и дека коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има 55 плус пратеника, а тоа како што рече се потврди на вчерашните избори.

-Мислам дека народот си го кажа своето, граѓаните си го кажаа своето, истакна Мицкоски, во своето гостување во емисијата „Само интервју“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот