ФОТО | Инцидент на евровизиска проба: Мажи покажаа палестински симболи за време на настапот на Израел

Фото: EPA-EFE/ANDREAS HILLERGREN SWEDEN OUT

За време на последните проби, непосредно пред почетокот на втората полуфинална вечер на Изборот на песна за Евровизија, се случил инцидент во публиката.

Имено, додека настапувала израелската преставничка, двајца мажи покажале забранети палестински обележја – знаме и марама која е позната и како „палестинка“.

Обезбедувањето веднаш им ги одзеде симболите и ги изнесе надвор од салата.

Фото: EPA-EFE/ANDREAS HILLERGREN SWEDEN OUT

Забранети се палестинските симболи

Организаторите на Евровизија претходно објавија дека „го задржуваат правото да ги отстранат сите палестински знамиња и пропалестински симболи за време на натпреварот“.

Тоа значи дека е забрането внесување пропалестински симболи во салата, а надзорот се очекува да биде особено строг вечерва кога Израел ќе настапи во втората полуфинална вечер.

Мишел Роверели, менаџер за комуникации на Евровизија, додаде дека на посетителите им е дозволено да носат и истакнат знамиња што ги претставуваат земјите што учествуваат на настанот, како и знамето на ЛГБТ заедницата.

Фото: EPA-EFE/ANDREAS HILLERGREN SWEDEN OUT

Илјадници луѓе протестираат во Малме

Пропалестинските и антиизраелските групи  денеска организираа големи протести во Малме.

Шведската полиција проценува дека на пропалестинскиот марш во центарот на Малме присуствувале околу 8.000 луѓе, кои носеа палестински знамиња, тапани, свирчиња, звучници и факели.

Присутните извикуваа слогани од овој тип: „Ова е геноцид“, „Сите деца се еднакви“ и „Шведска, разбуди се!“.

Фото: EPA-EFE/JOHAN NILSSON SWEDEN OUT

Шведските медиуми јавуваат дека на протестите учествуваат граѓани од цела Шведска, но и од Данска, Франција и Португалија. Во протестната поворка има дури и семејства со мали деца и стари лица во колички.

Од полицијата велат дека засега нема инциденти.

Исто така, медиумите известија дека на протестот учествува и познатата активистка Грета Тунберг, која изјави: „Прекрасно е да се види дека овде има толку многу луѓе кои се залагаат за Палестина“.

Фото: EPA-EFE/JOHAN NILSSON SWEDEN OUT

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот