Пелистер убедливо го совлада Работнички на стартот од полуфиналната серија

фото: kfsm.mk

Во првиот натпревар од полуфиналната серија во македонскиот шампионат, кошаркарите на Пелистер стигнаа до голема победа на гостувањето во СРЦ „Кале“ – Скопје каде славеа со убедливи (86:63) против Работнички и се стекнаа со почетно водство (1-0) во серијата „кој прв до три победи“ во полуфиналето на плеј-офот.

Освен тоа, што е особено важно, имаа и постојана резултатска предност. На истекот на првиот период, битолчани водеа со солидни (24:16). Во текот на вториот, имаа уште повисоко водство. Во 12 минута, гостите поведоа со (31:22), а во неколку наврати имаа и еден поен „вишок“ помалку. Имаа и (37:29), а во 18 минута беше и (41:33), пред Ѓелетовиќ да ги постави конечните (35:41) на истекот на првото полувреме.

Третиот период од играта беше и најдобриот за гостинската екипа. Десет минути во кои парцијално гледано, креираа (26-12), и водство повисоко од 20 поени, како што беше и на истекот на тој дел, (67:47).

На почетокот на последната четвртина, Пелистер стигна и до највисоките (72:49). Се покажаа како и повеќе од доволни за екипата од Битола да се стекне со почетна предност (1-0) во серијата во која се бараат три победи за финале.

Статистичкиот дел од овој прв полуфинален дуел, вели дека кај Пелистер, Планиниќ реализира 16 поени, Маслинко имаше 15, Мијовиќ 14, Најт 13, а Стојановски уште 12 поени.

Кај Работнички, Рикиќ застана на 16 поени, Ѓелетовиќ имаше 11, а младиот Шошкиќ уште 10 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот