РК Алкалоид со доминантна победа над Охрид во плеј-офот од Суперлигата

фото: РК Алкалоид

Денеска во рамките од плеј-офот во македонската ракометна Суперлига екипата на Алкалоид триумфираше над ГРК Охрид со резултат 42:31 (22:14).

Во победничките редови најдобри стрелци беа Стојковиќ и Митев со по седум гола, додека Серафимов и Митев погодија по шест пати.

Во победата придонесе и голманот на РК Алкалоид, Трајкоски со 12 одбрани. На спротивната страна најефикасни беа Мацуока со седум и Орјоникидзе со пет погодоци.

На табелата Алкалоид е на третото место со 27 бодови, четири повеќе од четвртопласираниот Охрид.

Суперлигашкиот плејоф продолжува на почетокот на 5 мај, а РК Алкалоид следниот меч го игра со Вардар 1961. Составот на Охрид ќе го пречека тимот на Тинекс Пролет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот