ВИДЕО | Јакимовски: Становите ќе поскапат, цените во Скопје ќе бидат и 2000 евра метар квадратен

Ивица Јакимовски, претседател на градежна комора
Ивица Јакимовски, претседател на градежна комора / Утрински брифинг

Спиралата на цените е отворена во Македонија, започна со храната, продолжува со енергијата, а и становите ќе поскапуваат поради поскапувањето на градежните материјали. Се вели дека цените на становите во Скопје ќе достигнат и до 2000 евра по квадратен метар. До кога ќе растат цените на станбениот квадрат и градежните парцели во денешн Утрински брифинг разговаравме со Ивица Јакимовски од ГолденАрт кој е и претседател на градежната комора при Стопанската комора на Македонија.

Сега повторно сме на почеток на некоја градежна експанзија.

-Имавме период од две години пандемија која се отслика во енергетска криза што се одрази на цените на градежните материјали кои значително се покачија. Не би одел до таму да речам дека цената би одела до 2000 евра по метар квадратен, но точно е дека штом некоја земја ќе стане членка на НАТО, има извесни движења на пазарот на недвижности. Но, по воведувањето на мораториумот за градење, се случи да има поголема побарувачка отколку понуда на станови. Инаку, формирањето на цената зависи од тоа кога било започнато градењето оти една зграда се гради подолг временски период, вели Јакимовски.

Тој додава дека недвижноста е најсигурна, најстабилна инвестиција. Недвижноста е неопходна за живот, но во услови на кризи е најсигурната инвестиција, вели Јакимовски.

Според него, во последниве десет години се менува начинот на живеење. Сега се бараат помали станови од 40-45 квадрати и најчесто купуваат млади или повозрасни лица, вели тој.

Со Ивица Јакимовски разговаравме и за капацитетот на компаниите во однос на работна рака за изградба на нови недвижности, како и за прогнозите за тоа како реално би се движеле цените на станбениот квадрат.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот