Фото: Скриншот / Икс / Creativity

ВИДЕО | Израел постави нова статуа на Исус во либанското село, мештаните ја заменија со друга

Командантот на 162-та дивизија на ИДФ, генерал Сагив Дахан, го отстранил од борбени задачи војникот што ја уништил статуата од Исус, како и војникот што го снимил инцидентот, и им изрекол казна од 30 дена затвор.

Жителите на селото Дебел во јужен Либан не биле задоволни од статуата на Исус што им била донесена од Израелските одбранбени сили (ИДФ), откако еден израелски војник ја уништил претходната, објави „Џерусалим пост“.

Локалните жители, со помош на италијански баталјон на УНИФИЛ, ја замениле статуата поставена од ИДФ со идентична на оригиналната што била уништена.

Според извештаите, жителите не биле заинтересирани за статуа што била подарена од војската.

Портпаролот на ИДФ соопшти дека резултатите од истрагата за инцидентот со уништената статуа, како и препораките на командата, биле презентирани пред командантот на 162-та дивизија, бригаден генерал Сагив Дахан.

Командантот го отстранил од борбени задачи војникот што ја уништил христијанската религиозна статуа, како и војникот што го снимил инцидентот, и им изрекол казна од 30 дена затвор.

ИДФ соопшти и дека уште шест други војници, кои биле присутни за време на настанот, се повикани на разговори, по што ќе биде донесена одлука за понатамошни мерки.

Истрагата утврдила дека постапките на војниците биле спротивни на воените правила. ИДФ изрази жалење за инцидентот и нагласи дека нивните операции во Либан се насочени против организацијата Хезболах и други терористички групи, а не против либанското цивилно население.

Од моментот на пријавување на инцидентот, Северната команда работи на помош на селската заедница за замена на статуата.

Дали Израел ги губи клучните сојузници во Европа?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот