Прес-конференција на ДИК / Фото: принтскрин

ВИДЕО: Излезноста до 9 часот во четирите општини е 1,12 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено

До 9 часот утрoво излезеноста на гласачите во четирите општини каде што се одржуваат повторени избори за градоначалник е 1,12 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).

Според податоците, во Маврово-Ростуше има излезеност од 2,89 отсто. До 9 часот таму на гласање излегле 306 граѓани од вкупно 10.575 колку што се запишани во Избирачкиот список. Излезеноста во Врапчиште е 1 отсто. На гласање таму излегле 272 граѓани од вкупно 27.279 запишани во Избирачкиот список.

Гостивар има излезеност од 0,97 отсто. Таму до 9 часот утринава гласале 802 од вкупно 82.870 избирачи. Најмала излезеност има во Центар Жупа односно 0,75 проценти. Гласале 57 од вкупно запишани 7.562 избирачи.

Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, на утринската прес-конференција изјави дека текот на гласањето на избирачките места кои се отворени тече непречено и без поголеми потешкотии. Поради временските услови, како што посочи, неколку избирачки места се отворени со задоцнување од 40 минути до повеќе од еден час. Избирачкото место 0782 во Ќафа, Гостиварско сè уште не е отворено.

„Засега таму гласањето не се одвива. Ќе видиме што ќе се случува во текот на денот“, изјави Тодоровска-Алексовска и нагласи дека согласно Изборниот законик, онаму каде што гласањето е прекинато и времетраењето на прекинот трае од еден до три часа, гласањето ќе се продолжи колку што траел прекинот.

Според податоците на Државната изборна комисија, право на глас во четирите општини имаат 128.286 граѓани, а се гласа на вкупно 215 избирачки места.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот