ВИДЕО | „Изгубив сѐ“: Изгоре домот на Мигел Еран од „La Casa De Papel“

Мигел Еран пожар
Пожарот во домот на шпанскиот актер / Фото: Инстаграм, Мигел Еран

Шпанскиот актер Мигел Еран, познат по својата улога во серијата „La Casa De Papel“, останал без својот дом во градот Авила. Имено, тој споделил и снимка од пожарот кој се случил во неговиот стан, а за да се спаси, морал да скокне низ прозорецот во спалната соба, објави „Daily Mail“.

Ѕвездата на популарната серија на Нетфликс бил апсолутно скршен од глетката во неговиот уништен дом.

„Не ми се верува“, повторувал актерот, снимајќи ја штетата по пожарот.

Подоцна, 25-годишниот актер раскажал дека пожарот во неговиот дом избил во текот на ноќта и дека го разбудиле чудните звуци предизвикани од пожарот. Додека пожарникарите го гаснеле огнот, Мигел открил и дека останал без поголемиот дел од своите работи.

„Ви благодарам на сите, особено на пожарникарите во Авила и сигурносната служба во мојата зграда“, изјавил тој.

Сѐ уште не се знае причината поради кој настанал пожарот во домот на актерот.

ФОТО | Урсула Корберо го освои светот како разбојник: Која е Токио од „La Casa de Papel“ во приватниот живот?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот