ФОТО | Урсула Корберо го освои светот како разбојник: Која е Токио од „La Casa de Papel“ во приватниот живот?

Фото: Принтскрин / Instagram

Урсула Корберо моментално е една од најпопуларните актерки во светот благодарение на серијата „La Casa de Papel“, а ние истражувавме што правела таа досега.

Шпанската актерка и модел Урсула Корберо стана позната благодарение на хит серијата „La Casa de Papel“, чија последна сезона пристигна на малите екрани пред неколку дена и ги изненади сите обожаватели со развојот на заплетот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Úrsula Corberó 🐣 (@ursulolita)


32-годишната Корберо е родена во Барселона, а веќе кога била мало девојче, се заинтересирала за глума. Имала шест години кога за прв пат се појавила пред камера и глумела во шпанска реклама. Првата голема улога ја добила на 13 -годишна возраст, а во меѓувреме посетувала часови по фламенко и џез танц со глума . Кога завршила училиште, се преселила во Мадрид за да продолжи со актерската кариера, а кратко потоа добила улога во ТВ серијата „Física o Química“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Úrsula Corberó 🐣 (@ursulolita)


Таа се појави во голем број серии и филмови , и честопати добивала награди за нејзините улоги во Шпанија. Нејзината улога во животот дефинитивно е онаа на девојката од Токио, наратор на серијата „La Casa de Papel“. Серијата за кратко време го освои целиот свет, и во тој момент Корберо почна да и се насмевнува на својата холивудска кариера. Урсула ја доби својата прва улога во серијата на англиски јазик во 2018 година, но продолжи да глуми во својата родна земја. Таа се појави и во музичкото видео за песната на Џ Балвин, Дуа Липа и Бад Буни, „Un Día (Еден ден)“.

Шпанските медиуми ја следат Урсула долги години, а нејзиниот приватен живот првпат се најде под медиумскиот радар во 2008 година, кога се заљуби во актерот Израел Родригез, со кого беше во врска две години. Исто така, таа некое време го сакаше тенисерот Фелисијано Лопез, а потоа три години беше во прегратките на актерот и модел Андрес Веленкос. Од 2016 година, таа е во среќна врска со нејзиниот колега Чин Дарин , кој го запозна на снимањето на серијата „La embajada“. Аргентинецот и убавата Шпанка во последните две години живеат заедно во Мадрид.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Úrsula Corberó 🐣 (@ursulolita)


Пред неколку дена, Корберо во интервју коментираше како улогата на Токио во серијата „La Casa de Papel“ ја промени не само нејзината кариера, туку и целиот нејзин живот .

„Мислам дека таа серија ќе промени многу работи во животите кај целиот тим, кој работеше заедно на сетот толку години. Се што се случи се само убави работи“, рече Урсула во една прилика. Таа додаде дека не очекувала што ќе се случи.„Се уште не сум целосно свесна што ми се случува. Добивам повици од обожавателите од Индија до Бразил. Токио ме промени во сите правци“, заклучи актерката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот