ВИДЕО: Иско официјално е нов фудбалер на Реал Бетис

фото: EPA-EFE/José Manuel Vidal

Поранешниот шпански репрезентативец и играч на Реал Мадрид, Иско (31) си најде нов фудбалски клуб. По пауза од шест месеци, овој фудбалер ќе игра за Реал Бетис.

Иско доживеа прилично голем пад во кариерата откако во август 2022 година како слободен играч се пресели во Севиља, а не остана долго ниту во овој клуб. Тој остана четири месеци, пред да го напушти клубот и да стане слободен агент.

Иско ја чекаше својата шанса, имаше интереси од разни страни, но трпеливо чекаше.

Во текот на кариерата 38 пати го носеше дресот на шпанската репрезентација и постигна 12 гола.

Најголемите успеси ги имаше со Реал Мадрид со кој трипати ја освои „Ла Лига“ и петпати Лигата на шампионите. Пред да се пресели на „Бернабеу“ го носеше и дресот на Валенсија и Малага.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот