Жанета Скерлев - колумнистка и дописничка од Лондон / Фото „Слободен печат“- Драган Митрески

ВИДЕО ИНТРЕВЈУ | Скерлев: Англичаните се обложуваат дали ќе падне снег на католички Божиќ

Има закон со кој петарди можат да се користат само за одредени денови кога има празници. Во обичните денови не смеете да ги користите, бидејќи кучињата добиваат срцеви напади. Продажбата на петарди е строго регулирана, има специјализирани продавници, не може на кој ќе му текне да продава и каде сака- вели Скерлев.

Англичанецот што ќе погоди дали и каде ќе падне снег, макар една снегулка, точно на католички Божиќ, добива награда. Ова е еден од многуте небулозни начини на обложување во оваа земја, или како што ќе рече нашата дописничка од Лондон, Жанета Скерлев „Англичаните се обложуваат на сê и сешто“.

За предновогодишната атмосфера во Лондон, за популарните распродажби таму овој период од годината, како и за тоа на кој начин лондончни ќе ја да дочекаат 2024 година, Скерлев зборуваше, во интервју за емисијата „Слободен печат“ на Слободна ТВ.

– Оваа година предновогодишно нема расположение како што имало вообичаено претходните години. Изгледа, треба да зборуваме за расположението пред и по пандемијата. Појавата на ковид-19 како да постави некоја граница овде, не направи сите сериозни, мудри и посиромашни. Гледам по улиците, нема атмосфера. Овој период помеѓу Божиќ и Нова година кога луѓето излегуваат, ги користат попустите, некако тенка е работата, не се оние распродажби кои беа порано, вели Скерлев.

Околу тоа дали Англичаните од следната година ќе работат четири дена во неделата, според неа тоа ќе биде начинот на работа во иднина.

– Некои компании овде почнаа со работа четири дена во неделата, со исклучително добри резултати. Тоа овде се смета за иднината на некои бизниси, ако не се намалува профитот на компанијата зошто да не? Според мене работењето од дома каде што има услови и работењето со скратено работно време ќе биде иднина, рече таа.

Лондон за дочекот на Новата Година има организирано спектакуларен огномет на плоштад, а граѓаните за да бидат дел од забавата плаќаат карта од 20 фунти. Кога се работи за употребата на петарди во Англија постои закон кој го ограничува користењето на петарди.

– Има закон дека петарди можат да се користат само за одредени денови кога има празници. Во обичните денови не смеете да ги користите, бидејќи кучињата добиваат срцеви напади. Продажбата на петарди е строго регулирана, има специјализирани продавници, не може на кој ќе му текне да продава и каде сака. Има правила од колку до колку часот може да се испукуваат петарди, доколку некој го прекрши правилото следуваат високи парични казни, објаснува Скерлев.

Во разговорот се присетивме на некои моменти, лоши и добри, кои ја одбележаа 2023 година.

Погледнете го велото интервју со Жанета Скерлев во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот