ВИДЕО ИНТЕРВЈУ Стево Костовски, секретар на Боксерската федерација на Македонија: На „Златен гонг“ ќе се претставиме со огромен квалитет

Забрзано се подготвуваме за 51. издание на традиционалната спортска манифестација „Златен гонг“, а веќе сега може да потврдиме дека на публиката ќе ѝ претставиме огромен квалитет, посочи Стево Костовски, секретар на Боксерската федерација на Македонија, во интервјуто за Слободна ТВ.

Костовски во интервјуто откри и неколку детали поврзани со организацијата на „Златниот гонг“, како и за активностите на македонските боксери во наредниот период.

– Годинава ќе видиме во живо боксери од земји кои досега не настапиле на нашиот турнир, па ќе имаме претставници на Еритреја, Шкотска и некои други држави коишто досега не настапиле на „Златен гонг“. Инаку претсојниот период е мошне активен за нашите боксери, кои ќе настапат на повеќе турнири. Секако тука е и регионалната лига, во која ние сме претставени преку тимот на Вардар – вели Костовски.

Костовски, кој најголемиот дел од професионалната кариера ја посвети на спортското новинарство, се осврна со своја проценка и за наредното светско фудбалско првенство, кое наредниот месец ќе стартува во Катар. Неговото присуство во студиото го искористивме и за куса оценка на мотоспорот, секако алудирајќи на фактот дека тој во младоста беше еден од најпопуларните возачи на спортските трки во Македонија.

Во продолжение погледнето го целото интервју.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот