ВИДЕО ИНТЕРВЈУ: Александар Рунчев, Македонецот кој ја направи најдобрата ракија во светот

Александар Рунчев
Александар Рунчев / Фото: Приватна галерија

Александар Рунчев е технолог, Македонец кој минатата година ја направи најдобрата ракија во светот. Рунчев работи во дестилерија Палиќ, фирма сестра на винаријата „Звонко Богдан“ од Суботица. Тој е еден од успешните Македонци низ светот кој нижат награди во текот на работењето.

Годинава дестилеријата Подрум Палиќ“ која работи под негово раководство зема три златни и две сребрени медали за премиум ракиите кои ги произведува. Во интервју за Утрински печат на Слободна ТВ, Рунчев рече дека станува збор за најпрестижно натпреварување во светот кое се оджува во Лондон.

– Учествуваа над 40 земји со околу 4.500 примероци на ракии џинови, виски. Нашите премиум ракии со име „бараба“ беа наградени со 3 злата и две сребра. Ракијата „Лозовача“ освои 99 поени, што во превод значи најдобра ракија во светот за лани- вели Рунчев.

Винаријата „Звонко Богдан“ и подрумот „Палиќ“ се две сестрински фирми чие заштитно лице е тамбурашот Звонко Богдан. Освен вино произведуваатт ракии од дуња, виљамовка, слива лоза и кајсии, но имаат големо портфолио, прават џин, амаро, пелинковец, и најнов производ е вотка .

– Контактите кои ги иамв со колеги од Србија ми овозможија да дојдам овде после 10 години работа во Македонија. Овде сум од 2019 година од сам старт на новиот подрум. Дестилеријата е на Палиќ во Суботица. Условите за работа се одлични. Имам одврзани раце за работа во однос на производството на ракии. Сам одлучувам што и како ќе се произведе. Добро е што се работи за „премиум производство“, сам одлучувам за сѐ – вели Рунчев.

Дестилеријата има скромни услови за македонски стандарди од 450.000 литри во инокс и 50.000 во барик. Имаат нивни насади и тоа 80 хектари со овошје и 65 хектари лозје.

– Засега нема ниту еден Македонец кој работи со мене. Имам уште двајца вработени со мене цел процес е автоматизиран и нема потреба од многу луѓе. Работните задачи ми се овоштарници до шишиња, во секоја фаза – вели Рунчев.

Дегустација на вината и дестилатите кои ги прават може да се направат во винаријата Звонко Богдан. Таму се овозможени посети и презентации на се што се произведува кај кај нив.

– Македонци ретко доаѓаат во винаријата организирано. Поединечни тури има. Звонко Богдан им е стален гостин, во 9 сабајле и 6 попладне е секогаш во рестораните и пие кафе – вели Рунчев.

За производство на една врвна ракија потребни се скоро 3 години. Најдобрата ракија е берба 2020 година.

– Дестилатот мора да одлежи две години, вињак три години во барик. За следна година ви најавувам вотка со украинско- руска технологија која содржи сребрена и платиниумска дестилација – вели Рунчев.

Во Македонија засега нема извоз на премиум производите кои ги прави Рунчев. Излезната цена на вино од винаријата Звонко Богдан е од 10 евра до 50 евра. Засега извезуваат Црна Гора, Босна и херцеговина Кина, Словенија. Кинезите најмногу пијат вињак.

– Годишен извоз ни е околу 60.000 шишиња. Наредна година 100.000 шишиња има план за продажба. Цена на чинење е повисока уште во само проиузводство. Најефтина „лозова бараба“ е 20 евра и се движи до 35 евра виљамовка. Џинот и дуњата се 10 евра. Работниот ден ми поминува во контрола на квалитет. Не работам прекувремено, пет дена во една недела од 7 до 3. Само нза време на берба прекувремено се работи- вели Рунчев.

Објаснува дека не е врзан за место во кое работи. Остава простор можеби некогаш да биде дел од произзводството на македонски премиум бренд.

Погледнете го интервјуто:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот