Фото: EPA/Gabriele Menis

ВИДЕО | Интер не го дава врвот во Серија А, „магија“ на Лаутаро во Удине

Фудбалерите на Интер од Милано денеска победија на гостински терен против Удинезе со 1:0, во натпреварот од 21 коло од италијанската лига.

Победничкиот гол за Интер на теренот во Удине го постигна Лаутаро Мартинез во 20 минута.

Интер е прв на табелата со 49 бода, шест повеќе и натпревар повеќе од второпласираниот Милан.

Екипата на Удинезе се наоѓа на 10 позиција со 26 освоени бода во генералниот пласман.

Во следното коло од Серија А, Интер ќе се сретне со Пиза во Милано, додека Удинезе ќе игра на гостински терен против Верона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот