ВИДЕО: Играме со срце – дојдете и навивајте за македонските ракометарки на Европското првенство

Македонските ракометарки ја добиваат потребната поддршка пред ЕП 2022/фото: принтскрин/facebook/Ракометна федерација на Македонија

Уште едно потсетување дека наскоро во периодот од 4 до 20 ноември 2022 година Македонија заедно со Словенија и Црна Гора ќе го организира Европското ракометно првенство во женска сениорска конкуренција.

Нашите најдобри ракометарки предводени од селекторот Љубомир Савевски своите наатпревари од прелиминарната рунда ќе ги играат во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје.

Ривали во групата „Ц“ ни се репрезентациите на Франција, Холандија и Романија, а во следната главна фаза ќе се пласираат првопласираните три селекции.

Во тек е продажбата на дневните билети за претстојното ЕП, може да се набават преку продажната мрежа на МК Тикетс низ Македонија (физички продажби). Детални информации може да се добијат на следниот линк ТУКА

Цената на дневните билети за овој шампионат се движи од 927 до 3090 денари.

Ракометарките ја добиваат поддршката од сите страни, воедно се повикуваат навивачите да дојдат во што поголем број на трибините да ја бодрат македонската женска репрезентација.

Поддршката доаѓа од најдобрите македонски ракометари Никола Митревски, Филип Талески, Филип Кузмановски, нивниот селектор Кирил Лазаров, поранешните македонски репрезентативки Даниела Новеска, Милева Велкова, Билјана Црвенковска, Гордана Нацева, која е амбасадор на ЕП 2022, потоа претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, претседателката на РК Металург, Зорица Блажевска, како и спортските коментатори, новинари Зоран Видевски и Марјан Ников.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот