Македонија е спремна за Европското првенство: Савевски избра 19 ракометарки

Фото: РФМ

Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација, Љубомир Савевски го објави списокот на повикани ракометарки за претстојното Европско првенство кое стартува на 4. ноември.

Можеби мало изненадување е што на списокот ја нема Марија Штериова, засега причината за нејзиното отсуство не е позната. Теодора Дукоска и Елена Ѓорѓиевска исто така не се меѓу повиканите, но за нив е познато дека се повредени.

Ракометарките на Македонија настапот на Европското првенство ќе го започнат против репрезентацијата на Франција во 05.11 (сабота) во 18:00 часот, потоа во второ коло од групата играме против Холандија на 07.11 (понеделник) и против селекцијата на Романија во последното коло од групата на 09.11 (среда).

Сите три натпревари ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски“. Собирот на ракометарите закажан за на 24. октомври.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот