ВИДЕО: Ибра во свој стил, не сте Златан, не го предизвикувајте вирусот!

фото: принтскрин/твитер

Напаѓачот на Милан се опорави од коронавирусот и веќе се врати на терените, додека Кристијано Роналдо, играчот на Јувентус, и натаму е позитивен на ковид-19 поради што го пропушти дербито во ЛШ против Барселона.

Искусниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ на почетокот од месецот го победи коронавирусот, а сега по пат на социјалните мрежи ги повика луѓето „да не го предизвикуваат вирусот“.

Веднаш италијанските медиуми го коментираа видеото на Ибра со намера да го „пецне“ Португалецот Роналдо кој повторно ги информираше фановите од изолација дека се чувствува добро и дека не е болен, иако ПЦР тестирањето покажува дека сè уште е позитивен на корона.

Вирусот ме предизвика и јас победив, но вие не сте Златан, не го предизвикувајте вирусот. Користете ја главата, почитувајте ги правилата. Социјално дистанцирање и маски – секогаш! Ќе победиме! – порачува шведскиот фудбалер Ибрахимовиќ.

Иако искусниот играч се опорави од ковид-19, неговиот тим моментно е во тешка ситуација, бидејќи има двајца заразени фудбалери, Јенс Питер Хауге и Џанлуџи Донарума.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот