ВИДЕО I Се избрука во живо градоначалникот на белгискиот град Антверпен: Сите можеа да му ја видат долната облека

Градоначалникот на белгискиот град Антверпен, Барт Де Вевер, лидер на сепаратистичката Нова фламанска алијанса и еден од најмоќните политичари во Белгија, ја започна новата година со непријатност.

Како што и самиот рече, тој никогаш нема да го заборави моментот кога новинарката на Радио 2, Ким Дебри , која го водеше новогодишното интервју  го „улови“ дека не носи панталони. 

– Носите многу убава кошула, веројатно ја избравте специјално за нас. Но, под кошулата, дали сте во долна облека, го праша новинарката  за време на онлајн интервјуто.

Де Вевер прво изненадено ја праша новинарката како го забележала тоа, но во следниот момент сфати колку е „разоткриен“.

– Не забележав … Мојата година започнува со овој срамен момент што долго ќе го паметам, рече градоначалникот без панталони.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот