ВИДЕО I Романската полиција и Европол во Костанца запленија 1,5 тони хероин

Во заедничка акција на романската полиција и Европол во романското пристаниште Костанца запленети се 1,5 тони хероин во вредност од над 45 милиони евра и разбиена е голема криминална група.

Европол соопшти дека во акцијата учествуваа припадници на полицијата од Австрија, Белгија, Чешка, Франција, Германија, Унгарија, Холандија, Словачка и од Словенија.

Операцијата биле спроведена на 19, 20 и 25 мај при што е извршен претрес на 12 локации во Белгија, Унгарија, Холандија и Романија, уапсени се 10 осомничени – седум во Белгија, двајца во Холандија и еден во Романија.

Хероинот бил во два контејнери натоварени со мермерни плочи. Пратката пристигнала во романското пристаниште Констанца од Блиски Исток.

Белгиските власти уапсија уште еден осомничен на 25 мај.
Операцијата е резултат на едногодишна истрага против криминална мрежа вклучена во трговија со дрога.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот