ВИДЕО I Професор доктор Александра Грозданова: Имаме конкретна шема за дистрибуција и аплицирање на вакцините низ државава

д-р Александра Грозданова
д-р Александра Грозданова / Фото: Скриншот, Јутјуб

Вакцините се чуваат на Институот за трансфузиологија во специјално наменети фижидери. Обезбеден е комплетно ладен ланец и потврдено е комплетното запазување на сите безбедносни аспекти за дистрибуција и чување на ваквите вакцини. Има стандардна оперативна процедура за што нашите колеги беа обучени. Процедурите се јасно дефинирани и комплетно, без проблем, се одвиваат, изјави претседателка на Комитетот за имунизација, професор доктор Александра Грозданова во „Утрински брифинг“.

– Имаме комплетен план за дистрибуција во нашата држава. Овие вакцини, по одмрзнувањето од -70 степени, во период меѓу два до пет дена стојат на температура од 2 до 8 степени, а такви фрижидери има низ сите Здравствени домови каде ќе се одвива вакцинацијата. Во моментот вакцинираме само во модуларната болница на Инфективната клиника во Скопје поради еден практичен аспект – имаме ограничен број на вакцини и поради тоа што на ваков начин обезбедување едно многу детално планирање на самиот процес на вакцинација. Кога ќе имаме поголеми количини, направена е конкретна шема за дистрибуција и вакцинација, додаде докторка Грозданова.

Целиот разговор со професор доктор Александра Гроздановска може да го погледнете во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот