Фото: twitter

Видео I Пожар во московската ковид болница „Комунарка”

Руските телевизии денеска прикажаа снимки со чад над московската болница „Комунарка”, што е еден од главните центри за лекување на пациенти со коронавирус.

Телевизискиот канал НТВ сооошти дека пожарот избувнал во дел од медицинскиот комплекс.

Пред пожарот се слушнал и силен тресок, додава телевизијата НТВ.

Дел од руските медиуми цитираат извор од болницата кој кажал дека станува збор за зграда во изградба и дека во неа немало пациенти.

Во Русија во октомври веќе имаше пожар во ваков центар за лекување на ковид-19. Во мај, пет лица загинаа кога се запали респиратор во единица за интензивна нега на една болница во Санкт Петербург.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот