ВИДЕО I По убиството кое косовската јавност ја остави во шок стотици луѓе, естрадни уметници и политичари се збогуваа со Алберт Красниќи: На погребот неговата мајка се онесвести

Во присуство на стотици обожаватели на гробиштата во приштинската населба Драгодан се одржа погребот на поранешниот член на Бабастарс и бизнисменот од Косово, Алберт Красниќи.

Меѓу нив беше и неговата сопруга со која пред неколку дена објавија дека се разведуваат, Беса Гаши која е и поранешна Мис на Косово.

Со својот пријател се поздравија и бројни познати јавни личности, вклучително раперите Скиви, Голд АГ, Бурак Вехапи, Диџеј Гембл и Нол Абази. Последна почит за време на погребот изрази и министерот за инфраструктура, Арбан Абраши.

На некои фотографии објавени од косовските медиуми, се гледа болниот момент, каде мајката на бизнисменот се онесвести од болката.

Обвинителството бара мерка притвор против Скендер Красниќи за убиството на неговиот син. Тој вчера со решение на Државниот обвинител беше задржан во притвор и се товари за кривичните дела „Тешка убиство“, од член 173 и „Неовластено држење, контрола или држење оружје“, согласно член 366 од Кривичниот законик на Косово.

Дојдете, го убив син ми: Бизнисмен и поранешен менаџер на познатите рапери „Бабастарс“ е убиен во Приштина

За сега не се познати мотивите за убиството, но во јавноста се шират две верзии.

Според првата верзија за настанот кој ја шокираше јавноста и која уште вчера ја пренесоа скоро сите косовски медиуми, бизнисменот Скендер Красниќи го уби својот син Алберт Красниќи со огнено оружје по постојаните конфликти во семејството.

Постојат сомневања дека Алберт ја тепал својата сопруга, па по пријава за семејно насилство полицијата трагала по него. По конфликт со таткото, кој побарал да им се предаде на властите, дошло до судир меѓу нив, што довело до убиство.

Но, членовите на семејството заедно со чичкото на Алберт, Исмет Красниќи ја отфрлаат оваа верзија.

Веднаш по погребот, чичкото на починатиот, Исмет ја даде својата верзија за тоа како се случила трагедијата.

Според него, убиството случило случајно. Тој вели дека Алберт сам го купил оружјето и му го покажувал на својот родител, но во тој момент испукал куршумот и го погодил во градите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот