ВИДЕО I Амин Боже дезинфицирај: Омилениот косовски политичар на Вучиќ се прекрсти пред тунел за дезинфекција и го „ запали“ Твитер

Поранешниот градоначалник на Северна Митровица, Горан Ракиќ, се прекрсти при влегувањето во тунелот за дезинфекција.

Имено, директорот на Кабинетот на Владата на Србија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, пред два дена организираше службена посета на вработените во Здравствениот дом во Звечан. Тој беше придружуван од претставникот на Српската листа, Горан Ракиќ.

На виралното видео на порталот Коссев, објавено на Твитер се гледа како Петковиќ, Ракиќ и уште неколку други мажи се приближуваат до здравствениот дом пред кој има тунел за дезинфекција.

Откако сите минуваат низ тунелот, Ракиќ ги извади очилата и се прекрсти пред да влезе да се дезинфицира во пластичниот тунел.

Многу од корисниците на Твитер сè уште не можат да си поверуваат на очите и се чудат. Но, сите навистина го видоа првиот човек на Српската листа и воедно омилениот претставник на Србите од Косово на Александар Вучиќ како пред да влезе да се дезинфицира направи гест како да е пред верски храм.

Многумина коментираа: „моли се и дезинфицирај“, не изостанаа ниту коментари во стилот: „Што е ова по ѓаволите?“, „За вистинскиот верник сè е црква“, „Исусе Христе“…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот