ВИДЕО: Хрватска го доби соседското дерби, Србија со несреќен автогол во финишот остана без победата во Даблин

Србија во во финишот со бизарен автогол остана без победата/ фото. EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Репрезентацијата на Србија одигра 1:1 на гостувањето кај Република Ирска во квалификациите за СП 2022 и за испуштената победа сама си е виновна.

Српските фудбалери беа подобар противник „Авива“ стадионот во Даблин, имаа поголем посед на топката, повеќе шутеви кон голот, повеќе корнери, ги постигнаа двата гола, но на крајот останаа без победата.
Вистински трагичар на натпреварот е Никола Миленковиќ кој си постигна автогол во 87 минута од натпреварот. Сергеј  Милинковиќ-Савиќ во желба да ја избие топката од сопствениот петерец, го погоди Миленковиќ по што топката влезе во голот на Рајковиќ. Претходно токму Милинковиќ-Савиќ во 20. минута го постигна голот за Србија.

Во соседското дерби, Хрватска во Сплит со убедливи 3:0 ја совлада Словенија и се искачи на првото место на табелата во групата Х.  Головите за „коцкестите“ ги постигнаа Ливаја, Пашалиќ и Влашиќ.


Селекцијата на Франција по киксот во претходното коло, вечерва со 2:0 ја совлада Финска и тоа со головите на Антоан Гризман.
Убедливи победи славеа и Холандија која со 6:1 ја декласира Турција, додека Норвешка со 5:1 го победи Гибралтар, а Данска со 5.0 славеше над Израел.

Резултати:

Група А
Азербејџан – Португалија 0:3
Ирска – Србија 1:1

Група Д
Франција – Финска 2:0
БиХ – Казахстан 2:0

Група Ф
Австрија – Шкотска 0:1
Фарски Острови – Молдавија 2:1
Данска – Израел 5:0

Група Г
Холандија – Турција 6:1
Норвешка – Гибралтар 5:1
Црна Гора – Летонија 0:0

Група Х
Русија – Малта 2:0
Хрватска – Словенија 3:0
Словачка – Кипар 2:0

Видео на денот