Фото: Принтскрин/Тик-ток

ВИДЕО | Хорор патување на репортерката: Во Италија за малку ќе ја убиеја пријателката, а потоа на ред дојде Хрватска…

Репортерката на австралискиот „9Њуз“, Зариша Бредли,  ја сподели на социјалната мрежа Тик-ток својата хорор приказна за патувањето во Европа со нејзината пријателка Ер.

Презентерката открила во снимката на Тик-ток дека најпрво нејзината сопатничка Ел поради алергиска реакција итно била пренесена во болница во Италија, а одморот во Хрватска го поминале спиејќи на каучот, пишува „Дејли мејл“.

– Ел заврши во болница откако изеде кикиритки во ресторан во Италија, и покрај тоа што три пати му кажа на келнерот дека е алергична – рекла репортерката на снимката.

 

@zarishabradley Breaking news out of Europe #europe #australians ♬ original sound – Zarisha Bradley


По првичните проблеми, тие отпатувале за Хрватска каде ги дочекала нова пречка. Резервирале апартман за пет ноќевања, а кога стигнале сфатиле дека апартманот нема спална соба.

– Никогаш повеќе нема да ми дозволат да резервирам сместување. Резервирав апартман во Хрватска, но немаше спална соба, поради што бевме принудени да спиеме на каучот пет вечери на фестивалот – продолжила таа со својот говор.

Во описот на објавувањето на видеото стои: „Ударни вести од Европа“.

Зариша и Ел во текот на нивното патување ги посетиле и Грција и Дубаи.

Тоа доаѓа откако Зариша неодамна ги воодушеви обожавателите на Тик-ток споделувајќи хумористично видео за тоа што новинарите навистина мислат кога читаат вести.

Зариша често објавува видеа на Тик-ток каде што споделува приказни од својот професионален живот, па неодамна објави видео во кое објаснува зошто новинарите често ги користат фразите „наводно“ и „обвинет“ кога известуваат за судски случаи.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот