
ВИДЕО | Хорор на забавен парк во Гетеборг: Се запали тобоган, црн чад се издига над градот
Голем пожар го зафати новиот воден парк Океана во шведскиот град Гетеборг, а голем облак од црн чад се шири низ градот.
Препорачано
– Тоа е поголем пожар. Ние сме на местото на настанот, изјави Бјорн ван дер Каај, оператор за аларм и линија во Спасувачката служба во Гетеборг.
Чад од пожарот може да се забележи во голем дел од градот, а според очевидци се видело и како паѓаат делови од тобоганот.
🚨 Yet-to-be-opened waterslides at #Liseberg park were engulfed in flames, prompting evacuations of nearby buildings. Plumes of black smoke drifted over #Gothenburg, #Sweden's second-largest city. Authorities are unsure of any casualties. Residents are advised to seek shelter… pic.twitter.com/KseHhEK3X9
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) February 12, 2024
Службите за итни случаи издадоа ВМА, односно Важно известување за јавноста „Менаџерот за спасување ги повикува сите во областа да одат во затворени простории и да ги затворат вратите, прозорците и вентилацијата“, се вели во пораката. На местото на настанот повикана е и полиција.
„Во моментов ѝ помагаме на спасувачката служба во нивната работа“, вели Аугуст Брант, портпарол за полицискиот регион Запад.
Сообраќајот во околината на пожарот е привремено пренасочен. Како што информираат од СОС алармот, на местото пристигнала и Брза помош, но засега не е јасно дали има повредени.
Забавниот парк Океан, опишан како „воден свет“ требаше да ги отвори вратите на почетокот на 2024 година. Во базенот ќе има вкупно 14 водени атракции. Вкупната површина е 13.600 метри квадратни, од кои надворешниот дел е 4.000 метри квадратни, а внатрешната сала за базен е 6.000 метри квадратни.