Ирански воен хеликоптер се урна врз пазар/Фото: Скриншот

ВИДЕО | Хеликоптер на иранската армија се урна на пазар во Исфахан, четворица загинаа

Ирански воен хеликоптер се урна денеска на пазар за овошје во централната покраина Исфахан, при што загинаа пилотот, копилотот и двајца трговци, соопштија државните медиуми, пренесува Ројтерс.

Хеликоптерот се урна во градот Дорче, предизвикувајќи пожар кој беше изгаснат од службите за итни случаи, се додава во извештаите.

Експертите велат дека Иран има слаба безбедност на воздухопловството, со повторени несреќи, од кои многу вклучуваат авиони купени пред Исламската револуција во 1979 година и на кои им недостасуваат оригинални резервни делови за одржување.

Минатата недела, борбен авион Ф-4 од американско производство, кој припаѓаше на редовните воздухопловни сили на Иран, се урна во западната покраина Хамадан, при што загина пилот за време на тренинг лет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот