ВИДЕО | Харуни: Секој град во Македонија има боксерски талент, со упорна работа до неминовен успех

Да се создаде боскерски шампион во Македонија е тешка работа кога ќе се земат условите, финансииите. Но кога се има волја да се постигне успехот, тоа е лесна работа, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ боксерскиот тренер Насер Харуни.

-Боксот во Македонија оди во нагорна линија. Има добри тренери, добри деца кои сакаат да успеат. Секој град си има свој талент, некое дете кое го има шампионското во себе, со добар тренер, неуспехот е неминовен. Со пандемијата имаме проблеми, на ЕП бевме без припреми, додека другите држави тренираа, но сепак станавме бронзени во Европа- вели Харуни.

-Ардиан е голем работник, висок 186см, има 17 години и се издвојува од другите. Но најбитно е шт е голем работник и сме среќни што во Македонија го имаме. Со добра работа му предвидувам и светски резултати, вели Харуни.

Целиот разговор со Харуни погледнете го во видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот