ВИДЕО: Хаос на улиците на Париз по пукањето, жесток судир меѓу Курди и полицијата

Фото: Твитер/принтскрин

Целосен хаос владееше попладнево на повеќе улици во центарот на Париз, откако полицијата се судри со припадници на курдската заедница, чии сонародници денеска беа убиени во пукање во францускиот главен град.

69-годишниот осомничен за пукањето е уапсен, откако беше ранет во престрелката со полицијата. Парискиот обвинител рече дека напаѓачот неодамна бил ослободен од затвор, каде бил поради тоа што нападнал мигранти кои живееле во шатори и дека инспекторите истражуваат можни расистички мотиви за пукањето.

Судирите избија неколку часа по пукањето, додека членовите на курдската заедница извикуваа слогани против турската влада по што полицијата употреби солзавец за да ја растера се повознемирената толпа. Запалени се голем број контејнери, а изгореле и неколку автомобили.

Тензиите ескалираа додека министерот за внатрешни работи Жерал Дарманен разговараше со новинарите во близина.

ВИДЕО: Пукање во Париз, двајца мртви, неколку повредени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот