ВИДЕО: Халанд го престигна и Роналдо, хет-трик на Норвежанецот и против Вулверхемптон

фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Фудбалерите на Манчестер сити ја оправдаа фаворитската улога во рамките од 21 коло во Премиер лигата откако со 3:0 беа подобри од Вулверхемптон на домашен терен.

Повторно во редовите на Сити доминираше Ерлинг Халанд кој ги постигна сите три голови за „граѓаните“ во 40, 50 и 54 минута од средбата на „Етихад“ стадионот.

Ова е негов четврти хет-трик сезонава, стигна до 25 голови во само 19 настапи, ги урива сите рекорди во Премиер лигата.

Воедно норвешкиот напаѓач го престигна Кристијано Роналдо кој во Премиер лигата трипати доаѓаше до хет-трик.

„Граѓаните“ по оваа победа и натаму се на второто место на табелата со 45 бодови, додека Вулверхмемптон е на 17 позиција со 17 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот