ВИДЕО | Групата Ареа ги изненади своите фанови со нова песна и спот: „Отсекогаш“ е најава и за нов албум

Instagram
Instagram

Македонската музичка рок – група Ареа на социјалните мрежи ги изненади своите верни фанови со нова песна и спот.

Вокалот на бендот, познатата Ружица Милошеска Брчиоска пред четири недели ја најави песната на официјалниот инстаграм – профил на бендот, а веднаш по промоцијата таа се обрати до верната публика:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by AREA (@area.mk)

Со радост и задоволство ви го претставувам новиот сингл на Ареа насловен како „Отсекогаш“. Посебно ми е драго што песната е поткрепена со врвното видео на Даниел Јовески кое ја дополни целата приказна на најубав можен начин. Покрај Ареа во видеото се појавуваат Илија Трале Левески и Марија Стојановска во својство на актери, кои извонредно ја изнесоа приказната, стои во објавата на Ружица.

Оваа песна е и најава за новиот албум на групата, седми по ред или шести студиски како што изјавиле членовите на бендот во интервју Елементал.мк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот