ВИДЕО: Грчки земјоделци блокираат автопати со трактори — демонстрантите во судир со полицијата, сакаат да превртат полициски возила
Грчки земјоделци протестираат и го блокираат националниот автопат Атина – Солун во близина на градот Лариса, а Грција и денеска, втор ден по ред, е практично пресечена на два дела поради блокадите, објави „Катимерини“.
Препорачано
Земјоделците од Кардица, во Западна Тесалија, исто така, го затворија автопатот Е65 со трактори, како дел од истата мобилизација.
Демонстрантите посочуваат сериозни доцнења во исплатите што треба да ги добијат од Агенцијата за земјоделски плаќања ОПЕКЕПЕ, како и драматично зголемени производствени трошоци и упорно ниски пазарни цени. Заостанатите исплати доаѓаат паралелно со истраги за наводен скандал со фалсификувани пријави за површини и за број на стока за добивање ЕУ-субвенции.
Хаос во Грција: Сè запре поради штрајкот против работничките реформи
Земјоделците велат дека ќе ги продолжат блокадите сè додека владата не понуди конкретни решенија. Подоцна денеска ќе се одржи собир на кој ќе се одлучува за следните чекори, а во текот на денот се очекуваат и нови блокади.
Полицијата нареди пренасочување на сообраќајот по неколку алтернативни маршрути за да се намали нарушувањето.
Во неделата дојде до тензии кај Никеа, во регионот на Лариса, каде што полицијата испука солзавец врз земјоделци кои се обидоа да пробијат една од блокадите. Тројца беа уапсени, а неколкумина повредени.
На социјалните мрежи се појавија видеа и фотографии на кои се гледа како демонстранти се обидуваат да превртат полициски возила на протестите.
Greek farmers attempt to overturn police vehicle during clashes today in central Greece. https://t.co/dOWJxjbXEJ
— Teacher Dude (@teacherdude) November 30, 2025


