ВИДЕО: Голманот на Еурофарм Пелистер Гедбан во Топ 5 одбрани на колото во ЛШ

фото: РК Еурофарм Пелистер

Во средата Еурофарм Пелистер го претрпе и осмиот пораз сезонава во групната фаза од ракометната Лига на шампионите.

Во салата „Боро Чурлевски“ во Битола во еден неизвесен натпревар актуелниот македонски првак загуби минимално од унгарскиот Пик Сегед со 28:27.

По секое одиграно коло ЕХФтв ги избира најдобрите пет одбрани и пет голови, како и најдобрите седум ракометари.

Голманот на Еурофарм Пелистер, Алжирецот Калифа Гедбан повторно е во изборот на Топ 5 најдобри одбрани на колото.

Гедбан се наоѓа на третото место на оваа листа на која се и Марсел Јастребски (Висла Плоцк), Начо Биоска (Веспрем), Андреас Волф (Кјелце) и Матеј Мандиќ (ППД Загреб).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот