ВИДЕО: Голман во Премиер лигата направи бизарна грешка, па седна и се расплака
Бразилскиот голман Џон Виктор, кој го брани голот на Нотингем форест, беше трагичарот во комичната ситуација што резултираше со гол на дуелот против Астон вила.
Препорачано
Вила со убедливи 3-1 го совлада Форест во првиот натпревар од денешната програма во Премиер лигата, а третиот гол на домаќините во овој дуел дојде по една бизарна сцена.
Голманот на гостите без никаква потреба истрча речиси до средината на теренот, со што му овозможи на Џон Мекгин лесно да го заобиколи и да погоди од дистанца поголема од 30 метри.
По постигнатиот гол следеше и необичен прекин, откако Виктор се расплака на теренот. Според информациите, тој се пожалил на повреда и морал да го напушти натпреварот, иако дел од навивачите на социјалните мрежи изразија сомнеж и сметаат дека тоа било обид да се оправда големата грешка.
John Victor faking an injury & crying after getting caught in no man’s land for John McGinn’s goal 🤣🤣 #AVLNFO pic.twitter.com/jby4mjghl6
— Mahfuz🤙🏽 (@MahfuzCOYI16) January 3, 2026
На негово место влезе Матс Селс, а до крајот на натпреварот повеќе немаше погодоци. Со овој триумф, Астон вила се искачи на второто место на табелата во Премиер лигата, со натпревар повеќе во однос на третопласираниот Манчестер сити.
Преземено од: Спорт.ком.мк


