ВИДЕО: Голем протест во Ваљево против ископот на литиум
Граѓани на Ваљево, Лозница и Шабац, со поддршка на студенти и на покана на здружението „Не го даваме Јадар“, вечерва организираа протест во Ваљево против ископот на литиум. Целта на протестот, според организаторите, е повторно да се привлече вниманието на јавноста кон прашањето за отворање рудник за литиум, пренесува Н1 телевизија.
Препорачано
Нема да копаат, упатија порака граѓаните до властите во Белград.
„Крадци, крадци“, „Екологија или онкологија“ и „Поставете ги знаците“, беа само дел од транспарентите што ги држеше толпата.
На собирот се обрати и активистот и истражувачки соработник на Институтот за економски науки во Белград, Александар Матковиќ.
„Александар Вучиќ и Српската напредна партија одлучија да не застанат со својот народ, туку против својот народ во име на странските корпорации кои сакаат да ја експлоатираат Србија“, нагласи тој.
#Repost @valjevo_live
Valjevo 24.07.2025.- Protest protiv rudarenja litijuma. pic.twitter.com/upRP4fCS0B
— Željko Kisa (@ZeljkoKisa) July 24, 2025
Минатата сабота, собир со иста цел се одржа во Лозница, а по денешниот во Ваљево, следниот протест ќе се одржи во Шабац во четврток, на 31 јули.


