ВИДЕО | Голем пресврт на Њујорк никс за водство во финалето на Источната конференција
Кошаркарите на Њујорк никс поведоа во финалето на Источната конференција од плејофот во НБА лигата, откако ги победија Кливленд кавалирс со 115-104 по едно продолжение во првиот натпревар како домаќини.
Препорачано
Њујорк стигна до победата по неверојатен пресврт, имаше 22 поени негатива на помалку од осум минути до крајот на натпреварот, но со голема серија на крајот од регуларниот дел го израмни резултатот на 101:101 со поените на плејмејкерот Џејлен Брансон на 20 секунди до крајот.
Потоа плејмејкерот на Кавалирс, Џејмс Харден, ја презеде одговорноста, но беше принуден да му ја додаде топката на бекот Сем Мерил, кој промаши отворена тројка и мечот отиде во продолжение. Таму, Никс направија рана серија од 9:0 и така дојдоа до триумфот.
Џејлен Бренсон беше најефикасен кај победникот со 38 поени, додека Микел Бриџис додаде 18. На спротивната страна, Донован Мичел реализираше 29 поени, додека Еван Мобли имаше дабл-дабл учинок од 15 поени и 14 скокови, а Џејмс Харден исто така постигна 15.
Следниот натпревар од серијата е закажан за четврток вечер, исто така во Њујорк.


