Голем пожар на Централната железничка станица во Глазгов/Фото: Reiss McGuire / Alamy / Profimedia

ВИДЕО | Голем пожар на Централната железничка станица во Глазгов

Голем пожар избувна на Централната железничка станица во Глазгов, предизвикувајќи сериозни прекини во сообраќајот, пренесува Џурнал.

Десетици железнички линии веќе се откажани, додека над 60 пожарникари моментално работат на гаснење на пожарот.

Полицијата ја затвори улицата Јунион помеѓу улицата Гордон и улицата Сент Винсент, бидејќи пожарот се чини дека започнал во поранешна продавница за електронски цигари.

Националните железници објавија дека станицата ќе остане затворена до понатамошно известување, додека пожарникарите продолжуваат да се борат со пламените јазици речиси четири часа откако избувна пожарот, според извештајот во „Скотиш Сан“.

Затворањето на станицата предизвика сообраќаен хаос, при што десетици патници се собраа пред блокираните влезови, чекајќи информации за повторното започнување на сообраќајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот