(ВИДЕО) Голем пожар изби на територијата меѓу Стар и Нов Дојран, почнал да се шири од депонија
Голема огнена стихија од утрово зафати делови на територијата меѓу Стар и Нов Дојран.
Препорачано
Надлежните информираа дека изгореле тру објекти, но дека за сега нема информации за евентуални жртви.
Градоначалникот Анго Ангов вели дека пожарот започнал да се шири од депонија и поради силниот ветер многу врзо стигнал до куќите.
На терен се врши и евакуација на жителите кои се наоѓаат во погодените подрачја.
Побарана е и помош за делување од воздух во насока на гасење на пламените јазици.
Градските власти повикуваат надлежните да излезат на терен и да ја утврдат одговорноста за огнената стихија.
Според директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, кој е на местото на пожарот на почетокот на Стар Дојран, од десната страна на високиот дел се одбранети куќите, но е опасно заради експлозии од неексплодирани гранати од минатите војни.
Во гаснењето на пожарот учествуваат месното население, пожарникари од Дојран, Валандово, Гевгелија и Струмица, како и еден хеликоптер, кој брзо полни вода од Дојранското Езеро и ја исфрла врз пожарот.
Покрај овој пожар, денеска на територијата на Општина Дојран избувна уште еден кај селото Николиќ, кој се префрли на грчката страна од Дојранското Езеро.
Според последните информации тој е локализиран со дејство на грчки воздухоплови.


