ВИДЕО: Голден Стејт дојде на победа од титулата во НБА лигата

Фото: ЕPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Кошаркарите на Голден Стејт вориорс дојдоа на чекор до титулата во НБА лигата откако со победата од 104:94 во петтиот натревар во големото финале поведоа со 3:2 во победи против Бостон селтикс.

Стеф Кари не беше во елеент, за прв пат во кариерата не успеа да постигне тројка во плеј-оф натпревар, ги промаши сите девет шута со што ја прекина серијата од 132 натпревари во плеј-офот на кои постигнал барем една тројка.


„Воините“ имаа слаб шут за три поени, погодија само девет шута од 30 обиди, но до победата дојдоа со одлична игра во одбраната. Во „отсуство“ на Кер, предводник на Голден Стејт беше Ендрју Вигинс кој имаше дабл-дабл од 26 поени и 12 скокови. Добра партија прикажа Клеј Томпсон со 21 поен, додека Кари натпреварот го заврши со 16 поени.

Најдобри кај Бостон беа Џејсон Тејтум со 27 поени и 10 скокови и Маркус Смарт со 20 постигнати поени.
Шестиот натпревар од финалето ќе се игра во ноќта помеѓу четврток и петок во 3 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот