ВИДЕО | Гола туристка позираше пред катедрала и ги налути Италијанците

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Тројца италијански посетители изгледа ќе бидат обвинети за „блудни дела“ откако една жена беше фатена како позира гола на скалите на катедралата во Амалфи.

Во понеделникот наутро околу 7:30 часот, згрозени локални жители ја снимиле жената како позира само со црвена лента преку телото, пред вратата на катедралата, која е излеана во 1067 година, и под мозаикот на светиот Апостол Андреј, чии мошти наводно се наоѓаат внатре.

Локацијата на снимањето особено ги повреди членовите на заедницата, рекла историчарката на уметност и писателка Лаура Тајер, која живее во Амалфи и го пишува блогот Ciao Amalfi.

„Она што се случи во црквата е она што ситуацијата ја направи толку шокантна“, изјавила таа за „Си-ен-ен“.

„Дуомо е место за богослужба и место многу блиску до срцата на локалното население. Таа специфична позадина го допира историското сеќавање на локалното население. Бронзената врата потсетува на деновите на Република Амалфи. Оваа врата се отвора за поворки, за свадби, за погреби, моменти кои го сочинуваат животот“, додала таа.

„Да, прекрасна е, но Амалфи е многу повеќе од убава позадина за фотографија на социјалните мрежи“.

Жената, која пристигнала во црквата целосно облечена и се качила по скалите за да се соблече, ѝ рекла на полицијата дека тие само создаваат спомен од нивното патување на брегот Амалфи, а не дека тоа го прават за публицитет.

Претставник на полицијата во Амалфи изјави за „Си-ен-ен“ дека триото, фотограф, модел и асистент, е од Англија.

Тие додале дека полицијата ги упатила во државното правобранителство поради „блудни дела на јавно место“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот