ВИДЕО | Гол на Барселона предизвика бурни реакции: Торес погоди додека противнички фудбалер лежеше по удар во главата
Екипата на Барселона одлично тргна во новата сезона на шпанската Ла Лига, совладувајќи ја Мајорка на гостински терен со 3-0. Но, вториот погодок на избраниците на Ханси Флик предизвика реакции во јавноста.
Препорачано
Во 23. минута, при водство на Барселона од 1-0, младиот Ламин Јамал упати силен удар кој директно го погоди во главата на капитенот на Мајорка, Антонио Раиљо. Фудбалерот веднаш падна на тревникот и остана неподвижен, лежајќи речиси осум секунди. Сепак, судијата Хозе Мунуера не го прекина натпреварот и акцијата продолжи. Барселона ја искористи ситуацијата, а Феран Торес ја затресе мрежата за 2-0, додека играчите на Мајорка бараа играта да биде прекината.
🚨🇪🇸 GOAL | Mallorca 0-2 Barcelona | Ferran Torres
FERRAN TORRES DOUBLES THE LEAD FOR BARCELONA !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!pic.twitter.com/G48yjN9pjU
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) August 16, 2025
Одлуката на фудбалерите на Барса да не ја исфрлат топката надвор од теренот беше остро критикувана, со обвинувања дека го нарушиле фер-плејот. Но, главниот товар од вината го понесе арбитарот Мунуера, кој според упатствата на УЕФА мораше веднаш да го прекине мечот при повреда во пределот на главата.
Контроверзијата се продлабочи кога снимките покажаа дека Мунуера го кренал свирчето, но на крај сепак одлучил да дозволи акцијата да продолжи.
Goal Ferran Torres, the goal scored before the referee blow his whistle pic.twitter.com/6S7mbmlmF1
— Barça Xtra (@XtraBarcaa) August 16, 2025
ВИДЕО | Барса ја победи Мајорка со двајца играчи повеќе на стартот од новата сезона во Ла Лига


