фото: EPA/MIQUEL A. BORRAS

ВИДЕО | Барса ја победи Мајорка со двајца играчи повеќе на стартот од новата сезона во Ла Лига

Фудбалерите на Барселона денеска ја победија Мајорка со 3:0 (2:0) на гостински терен во првото коло од новата сезона во Ла Лига.

Головите за Барселона ги постигнаа Рафиња во седмата минута, Феран Торес во 23 и Ламине Јамал во 90+4 минута.

Мајорка го заврши натпреварот со двајца играчи помалку, откако Ману Морланес беше исклучен во 33 минута, а Ведат Муричи доби директен црвен картон шест минути подоцна.

Во следното коло на 23 август на гостински терен Барселона ќе игра против екипата на Леванте.

Истиот ден Мајорка пред своите навивачи ќе се обиде да дојде до првите бодови сезонава во шпанското првенство против Селта Виго.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот