ВИДЕО | Го потсетија на тешкото минато и починатата мајка – Осимен се расплака по кореографијата на навивачите на Галатасарај
Натпреварот меѓу Галатасарај и Ливерпул во Лигата на шампионите започна со силна емоционална сцена која беше предизвикана од трибините, благодарение на спектакуларната кореографија подготвена од навивачите на турскиот клуб.
Препорачано
Додека на стадионот одекнуваше химната на Лигата на шампионите, ултрасите на Галатасарај развија голем транспарент посветен на нигерискиот напаѓач Виктор Осимен и неговото семејство. Кореографијата беше инспирирана од неговата животна приказна и тежок пат за да стигне до највисокото ниво во фудбалот.
На неа беше прикажан Осимен како го држи за рака својот помлад брат, додека во прегратка ја носи својата сестра. Над нив, од небото, симболично беше прикажана нивната мајка која ги набљудува, алузија на тешкото детство и предизвиците низ кои минал фудбалерот. Инаку, Осимен ја загуби мајка си уште во раната младост.
Galatasaray fans’ tifo of Victor Osimhen and his mother.🥺❤️
True love towards VO9😍pic.twitter.com/N40rxJPmGq
— Official AGT⚽🎙️ (@Iam_agt) March 10, 2026
Покрај кореографијата стоеше и пораката: „Ние сме семејство, а семејството е сѐ“.
Овој гест силно го трогна нигерискиот фудбалер, кој не можеше да ги сокрие емоциите и солзите пред почетокот на натпреварот.
❤️🩹✨ Victor Osimhen, emotional when he saw Galatasaray fans tifo dedicated to him and his family.@mbatuhanagir 🎥 pic.twitter.com/GiEV93VLzW
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) March 10, 2026


