ВИДЕО | Главната радио станица во Кандахар отсега ќе го шири „Гласот на шеријатот”

Талибанци/ Фото: EPA-EFE/NAWID TANHA

Талибанските бунтовници ја зазедоа главната радио станица во Кандахар денеска и ја преименуваа во Глас на шеријатот.

Во видеото објавено од групата, неименуван бунтовник објави преземање и рече дека радио станицата ќе се користи за емитување вести и читање на Коранот. Музика повеќе нема да смее да се пушта, јавија американски медиуми.

Талибанците зазедоа четири провинциски главни градови во Авганистан, вклучувајќи го и клучниот град Лашкар Гах во провинцијата Хелманд. Бунтовниците во последните денови зазеле половина од 34 провинциски главни градови во државата, вклучувајќи ги и вториот и третиот по големина град, Херат и Кандахар.

Растат стравувањата дека нападот врз главниот град Кабул може да биде само за неколку дена. Бунтовниците го зазедоа Пул-е-Алам, главен град на провинцијата Логар, што се наоѓа на само 80 километри од Кабул.

Во меѓувреме, првите сили за извлекување пристигнаа во Кабул додека САД ги интензивираат летовите за евакуација на американски дипломати и илјадници Авганистанци.

Во услови на брутална офанзива на талибанците, Агенцијата за бегалци на ОН соопшти дека речиси 250.000 Авганистанци ги напуштиле своите домови од крајот на мај поради стравувањата дека талибанците повторно ќе го наметнат нивното строго и безмилосно толкување на исламот, јавија американски медиуми. Осумдесет проценти од раселените се жени и деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот